Селекторот на сениорската репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, би можел да добие уште една селекторска улога. Имено, се разгледува можноста Лазаров да ја преземе и младинската репрезентација за Светското првенство во 2027 година, на кое Македонија ќе биде домаќин на најдобрите младински селекции во светот, пренесува Gol.mk.
Според пишувањата на медиумот, станува збор за привремено решение, кое би се однесувало на настапот на младите ракометари на домашниот Мундијал. На Европското младинско првенство, кое пред неколку месеци се одржа во Романија, македонската репрезентација беше предводена од Игор Илиевски, а нашите надежи завршија на 20-то место.
Лазаров денеска, на состанокот во РФМ, потврди дека веќе се разговара за можноста да ја преземе и младинската селекција, па останува да се види дали оваа опција ќе стане реалност.
Доколку биде постигнат договор, Лазаров ќе добие можност да работи и со најталентираните млади ракометари во земјава.