Пионерскиот тим на Спартак, по поразот од Струга во 3. коло, се врати на победничките патеки во пионерската лига, откако славеше над Вардар со 22:13 и ја забележа втората сезонска победа.
Спартак до триумфот го предводеше Катарина Ракиќ, најдобриот стрелец во оваа конкуренција минатата сезона, која одигра уште еден одличен натпревар. Ракиќ постигна дури 16 гола, односно повеќе од целиот противнички тим.
Пионерска лига, 3. коло, резултати и најдобри стрелци:
Вардар – Спартак 13:22 (8:11)
Антониа Блажевска 7/Катарина Ракиќ 16
Делчево Вардар – Атлетик 24:21 (12:11)
Матеа Величковска 6/Катја Маркоска 8
Струга – Јехона 20:14 (13:7)
Елена Ѓонеска 9/Ерина Хасани 8
Илинден Вардар – Астибо 27:18 (13:6)
Андреа Велковска 9/Сандра Донева 6, Нина Илиева 6
По три одиграни кола, Ракиќ се одвои на врвот на листата на стрелците со вкупно 34 погодоци. На второто место е Андреа Велковска од Илинден Вардар со 27 реализации, додека Елена Ѓонеска од Струга со 21 и Сандра Донева од Астибо со 20 погодоци ја комплетираат листата на ракометарки со најмалку 20 постигнати голови по три одиграни кола во пионерската лига.
Поддржете ја нашата работа и бидете дел од развојот на Спортска Димензија – почести нè со виртуелно кафе. Bашата мала поддршка за нас значи многу
Што се однесува до табелата, Илинден Вардар и Струга имаат максимален учинок по три одиграни кола, со по три победи. Спартак засега се наоѓа на третата позиција со четири освоени бода.
Астибо, Јехона, Делчево Вардар и Вардар досега забележаа по една победа, додека Атлетик е единствената екипа која сè уште нема освоено бод.
ТАБЕЛА
