Ѓорѓиевски и Веслиевски во елемент, кадетите на Преспа стигнаа до втора победа

4

Кадетскиот тим на Преспа ја забележа втората сезонска победа во кадетската конкуренција. Пред својата публика во Ресен, младите ракометари на Преспа триумфираа над своите врсници од Тиквеш со 33:18 (16:9), со што го зголемија бодовното салдо во групата А на четири бода.

Домаќините до победата ги предводеа Виктор Ѓорѓиевски со 13 и Борјан Веслиевски со девет погодоци. Во редовите на Тиквеш, најефикасен беше Филип Јанчев со четири гола.

Во следното, 7. коло, Преспа ќе гостува кај Струга, додека Тиквеш ќе го пречека тимот на Алкалоид.

 

Поддржете ја нашата работа и бидете дел од развојот на Спортска Димензија – почести нè со виртуелно кафе. Bашата мала поддршка за нас значи многу

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе