Според пишувањата на Gol.mk, Филип Талески е пред заминување од амбициозниот проект на Охрид и во периодот што следува ќе бара нов клуб.
Искусниот ракометар пристигна во Охрид како големо засилување, но во изминатиот период не доби посакувана минутажа во тимот на Борис Ројевиќ. Како што наведува Gol.mk, Талески не бил присутен ниту на последниот тренинг на охриѓани пред европскиот предизвик, односно пред дуелите против Спор Тото во рамките од ЕХФ Европскиот Куп.
Талески се најде на поширокиот список на селекторот Кирил Лазаров за претстојната ЕХФ недела.