По седум одиграни кола во пионерската машка ракометна лига, три екипи останаа со максимален ефект. Тоа се Еурофарм Пелистер 2 од групата А, како и Гемиџии и Младост Богданци од групата Б.
Пионерскиот тим на битолската „двојка“ пред својата публика ѝ го нанесе првиот пораз на Македонија Ѓорче Петров. Избраниците на Кире Поповски и Игор Николовски триумфираа со убедливи 27:11 во натпревар од 7. коло, а за одбележување е второто полувреме, кое мина во целосна доминација на битолчани.
Гостите од Ѓорче Петров во вториот дел постигнаа само два гола, додека младите пелистерци погодија 11 пати за нов убедлив триумф и задржување на максималниот ефект. Во победничкиот тим блесна Новак Вељановски, кој натпреварот го заврши со 11 погодоци. Кај Македонија Ѓорче Петров, најефикасен беше Владимир Иванов со три реализации.
Пролет се радуваше на трета сезонска победа, откако славеше на гостувањето во Прилеп со 22:21, благодарение на голот на Филип Коцев во последните секунди од натпреварот. Токму Коцев беше прво име на теренот, постигнувајќи дури 13 гола, додека кај домашниот тим се истакна Борјан Јовановски со осум погодоци.
До победа во групата А стигна и Тиквеш, додека во езерското дерби Струга беше подобра од Охрид со 18:13. Во салата „Билјанини Извори“, во дресот на Струга блесна Борјан Домазетоски, кој одигра одличен натпревар и постигна дури 13 погодоци, со што беше убедливо најефикасен на средбата. Кај Охрид, отскокна Јован Шикалески со девет погодоци, а Михаил Вероновски и Филип Дуноски додадоа по два.
Пионерска машка лига, 7. коло, резултати:
Група А
Прилеп – Пролет 21:22 (7:9)
Борјан Јовановски 8/Филип Коцев 13
Бутел – Тиквеш 13:24 (10:14)
Јанко Ивановски 5/Никола Јанчев 6, Никола Биков 6, Христијан Ристов 5
Охрид – Струга 13:18 (8:8)
Јован Шикалески 9/Борјан Домазетоски 13
Еурофарм Пелистер 2 – Македонија ЃП 27:11 (16:9)
Новак Вељановски 13/Владимир Иванов 3
Еурофарм Пелистер – слоб.
ТАБЕЛА

Во втората, односно Б групата, Гемиџии и Младост засега имаат максимален учинок. Велешани немаа никакви проблеми на гостувањето во Валандово, каде што славеа против новоформираниот ракометен клуб Либра.
Убедлива победа забележа и Мулти Есенс против Радовиш, односно Илинден Вардар против Феникс. Младиот тим на Младост, предводен од Антонио Каракабаков, на гостувањето во Автокоманда стигна до победа од 24:23 за продолжување на победничката серија. До триумф во 7. коло се радуваше и Вардар.
Група Б
Радовиш – Мулти Есенс 21:26 (10:15)
Јован Георгиев 8/Војдан Зенговски 8
Вардар – Куманово 15:12 (9:4)
Михаил Јовчески 6/Иван Димовски 4
Алкалоид – Младост 23:24 (5:11)
Калин Краљевски 9, Марко Димитриевски 8/Антонио Каракабаков 8
Либра – Гемиџи 7:27 (3:16)
Никола Узунов 6/Лука Коцевски 4, Мартин Пранговски 4
Илинден Вардар – Феникс 28:10 (14:6)
Андреј Кирков 6/Јован Тамакаров 3, Јован Јанков 3
ТАБЕЛА
