Одредени судиите за пресметката меѓу Бутел и младите пелистерци

123

Во натпревар од 10. коло од Супер ракометната лига ќе се сретнат екипите кои се потпираат на млади сили – Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер 2.

Вториот тим од Битола, по домашниот пораз од Струга, на гостувањето во Скопје ќе атакува на четвртата сезонска победа, со која би ги зголемил шансите за пласман во плеј-оф сегментот. Младите пелистерци досега забележаа три победи (против Мулти Есенс, Куманово и Тиквеш), а ремизираа на гостувањето кај Младост.

Бутелци, кои во претходното коло славеа во градската пресметка против Мулти Есенс и ја забележаа првата сезонска победа, ќе се обидат да ја израдуваат домашната публика. Евентуален триумф за избраниците на Стојанче Стоилов би значел и освојување два важни бода во борбата за опстанок и подобар пласман.

Натпреварот меѓу Бутел и Еурофарм Пелистер 2 ќе се одигра в сабота (14 ноември), со почеток од 17:00 часот, во спортската сала „Антон Димитров“ во Скопје.

Правдата на овој натпревар ќе ја делат Дејан и Димитар Ѓорѓиевски, додека делегат ќе биде Лери Мирчески.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе