Кадетскиот тим на Македонија Ѓорче Петров пред својата публика дојде до четвртата победа во новата сезона, откако со пресврт во финишот славеше над Младост од Богданци со 33:32 во натпревар од 9. коло од кадетската лига.
Иако гостите од Богданци во најголемиот дел од натпреварот беа во предност, домаќините со подобрата игра во завршните пет минути стигнаа до посакуваните два бода. По водството на Младост од 31:30, домашниот тим со серија од 3-0 поведе со 33:31 на дваесетина секунди пред крајот, а победничкиот гол за победа го постигна Даријан Арсески.
Одличен натпревар за победничката екипа имаше Владимир Иванов, кој постигна 15 погодоци, додека на спротивната страна Матеј Митев имаше 14 реализации, а Лука Лукиќ додаде осум гола.
На првата меѓусебна пресметка, Младост беше убедлив, триумфираше со 35:23.
Кадетска машка лига, 9. коло, резултати и распоред:
Група А
Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп 22:20 (10:8)
Новак Вељановски 13/ Вања Ѓорѓиоски 6, Бојан Наскоски 6
Алкалоид – Преспа 35:25 (17:14)
Калин Краљевски 5/Борјан Веслиевски 11
Пролет – Тиквеш – во тек
12.11 – 14:00 часот – Еурофарм Пелистер – Струга
Група Б
Куманово – Гемиции 31:25 (15:12)
Михаел Милановски 10, Немања Цветкоски 7/Андреј Наумов 5
Македонија ЃП – Младост 33:32 (17:22)
Владимир Иванов 15/Матеј Митев 14, Лука Лукиќ 8
Вардар – Текстилец – во тек
Мулти Есенс – слоб.