Денеска, со натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Струга, беше комплетирано 9. коло во кадетската машка лига. По девет одиграни кола, две екипи останаа со максимален ефект. Тоа се Еурофарм Пелистер од групата А и Мулти Есенс од групата Б.
Натпреварите меѓу Пролет и Тиквеш, како и меѓу Македонија Ѓорче Петров и Младост, беа најнеизвесни во 9. коло. Кавадарчани, со голот на Булуков во последните секунди освоија бод на гостувањето кај Пролет, 31:31. Иако домаќините беа пред победа, сепак, гостите од Кавадарци со голот на Марио Ѓорѓив од пенал, а потоа и оној на Зоран Булуков, си заминаа со бод од тешкото гостување.
Најефикасен играч на натпреварот беше пионерскиот репрезентативец и член на Тиквеш, Марио Ѓорѓиев, кој постигна 11 погодоци, додека 9 запиша Зоран Булуков. Најрасположени кај Пролет беа Филип Коцев со осум и Марио Поповиќ со седум погодоци.
Македонија Ѓорче Петров со пресврт во финишот славеше над Младост со 33:32. Младите „лавови“ до четвртата сезонска победа беа предводени од Владимир Иванов, кој имаше извонредно издание.
Талентираниот ракометар од Ѓорче Петров беше најефикасен во својот тим, но и на целиот натпревар, постигнувајќи 15 погодоци.
За одбележување е и одличната партија на Новак Вељановски од Еурофарм Пелистер 2 на дуелот против Прилеп. Еурофарм Пелистер 2 славеше со 22:20, а Вељановски постигна 13 погодоци во победата на битолчани.
Во продолжение погледнете ги сите резултати и моменталниот изглед на табелите по девет одиграни кола во кадетската конкуренција, како и најдобрите стрелци од секој натпревар.
Кадетска машка лига, 9. коло, резултати:
Група А
Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп 22:20 (10:8)
Новак Вељановски 13/ Вања Ѓорѓиоски 6, Бојан Наскоски 6
Алкалоид – Преспа 35:25 (17:14)
Калин Краљевски 5/Борјан Веслиевски 11
Пролет – Тиквеш 31:31 (14:16)
Филип Коцев 8, Марио Поповќ 7/Марио Ѓорѓиев 11, Зоран Булуков 9
Еурофарм Пелистер – Струга 29:18 (11:8)
Илија Трајчевски 7/Матеј Ковачески 5
ТАБЕЛА

Група Б
Куманово – Гемиции 31:25 (15:12)
Михаел Милановски 10, Немања Цветкоски 7/Андреј Наумов 5
Македонија ЃП – Младост 33:32 (17:22)
Владимир Иванов 15/Матеј Митев 14, Лука Лукиќ 8
Вардар – Текстилец 45:16 (23:8)
Никола Никчевиќ 8/Матеј Каранфиловски 7
Мулти Есенс – слоб.
ТАБЕЛА
