11. коло од Супер лигата носи и интересна пресметка во Богданци, каде што ќе се сретнат две екипи кои минатата сезона играа бараж за пласман во домашната елита – Младост и Струга. На бараж дуелот тогаш славеше Младост, кој обезбеди место во елитното друштво, додека Струга, по сплет на околности и откажувањето на Пролет од настап во Супер лигата, доби можност да остане дел од најсилното домашно ракометно натпреварување.
Стружани во овој натпревар влегуваат со дополнителна самодоверба, откако со победите над Еурофарм Пелистер 2 и Куманово фатија приклучок кон екипите кои се борат за пласман во плеј-оф сегментот.
Избраниците на Горан Андоновски, како и на претходните домашни натпревари, се очекува да имаат голема поддршка од трибините во обидот да стигнат до првата сезонска победа, па се очекува „Млаз“ и на утрешниот дуел да биде исполнета до последното место.
Струга во моментов е седна со девет бода, додека Младост е на 11. позиција со три бода.
Натпреварот меѓу Младост и Струга ќе се одигра утре (21 ноември), со почеток од 18:00 часот. Правдата во Богданци ќе ја делат Даниело Божиновски и Виктор Начевски.