Тиквеш борбата за плеј-оф ќе ја продолжи со нов тренер

258

Еден од кандидатите за пласман во плеј-оф фазата, тимот на РК Тиквеш, во продолжението од сезоната ќе има нов тренер, откако досегашниот шеф на стручниот штаб, Кристијан Грчевски, одлучи да се повлече од тренерската функција.

Кавадаречкиот клуб преку социјалните медиуми излезе со официјално соопштение, во кое информираше дека Управниот одбор ја прифатил одлуката на Грчевски за повлекување од функцијата, а сите потребни формалности ќе бидат спроведени согласно договорот и актите на клубот.

Од Тиквеш му се заблагодарија на Грчевски за неговиот ангажман, посветеноста и придонесот во остварувањето на спортските резултати во изминатите сезони, во кои клубот секогаш стигнуваше до плеј-оф. 

Воедно, од клубот информираат дека веќе започнале разговорите за ангажирање нов шеф на стручниот штаб, а јавноста дополнително ќе биде информирана за изборот на новиот предводник на екипата.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе