Еден од кандидатите за пласман во плеј-оф фазата, тимот на Еурофарм Пелистер 2, до крајот на сезоната ќе мора да продолжи без кружниот напаѓач Кристијан Симоноски, кој поради повреда ќе отсуствува подолг временски период.
Стружанецот пристигна во Битола како големо засилување и одлично се вклопи во тимот на Бранислав Ангеловски, но доживеа повреда, откако ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото.
Лекарските прегледи покажаа дека е неопходна операција, па повремениот македонски репрезентативец беше подложен на операција, која мина добро и ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Симоноски на осум одиграни натпревари постигна 48 погодоци (реализација 80%) и на сите нив имаше одлични партии.
Еурофарм Пелистер 2 утре пред својата публика против Прилеп ќе бара рехабилитација за поразите од Бутел и Струга, односно ќе атакува на четврта сезонска победа.