Екипата на Тиквеш стави крај на лошата серија во Првата кошаркарска лига, откако пред својата публика со пресврт славеше над Вардар со 78:72 (16:23, 16:20, 24:17, 22:12). Вардар влезе мотивиран со цел да дојде до прв сезонски триумф, добро почна, на скопскиот тим му одеше во нападот, играше добра одбрана и на полувреме замина со предност од 43:32.
Иако во еден момент во третиот квартал Вардар стигна до плус 20, 52:32, сепак, како одминуваше времето, така домаќините се враќаа во игра и во целост го сопреа налетот на гостинот. Тиквеш успеа да се консолидира, направи камбек, односно ја добија третата четвртина со 24:17, додека во оние последни одлучувачки десет минути у дозволи на гостите да постигнат само 12 поени.
Победничкиот тим беше предводен од Александар Пантелиќ, кој натпреварот го заврши со 30 поени и 11 асистенции. Во вардаровиот табор се истакна Филип Наков со 19 поени.
Прва лига, 9. коло, резултати:
Тиквеш – Вардар 78:72
Пелистер – Чаир 77:73
МКК Куманово – Работнички 85:83
ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром 75:70
Гостивар – Шкупи 79:65
Кожув – Феникс 86:73
ТАБЕЛА: ТФТ 17, Чаир 16, МЗТ Скопје Аеродром 15, Пелистер 15, Работнички 15, Кожув 14, МКК Куманово 12, Гостивар 12, Тиквеш 12, Шкупи 12, Феникс 11, Вардар 9