Одложен натпреварот меѓу Куманово и Пелистер

61

Натпреварот меѓу Куманово и Пелистер, кој што беше закажан за денеска од 18:00 часот, ќе се одигра во друг термин поради технички проблеми во спортската сала при СОУ „Перо Наков“. Според информациите, во салата не функционирале уредите за мерење на нападите (24 секунди), па така Куманово има рок до утре да го реши проблемот. Најверојатно, доколку нема решение, односно услови за игра, натпреварот би се одиграл утре во Скопје, поточно во СРЦ „Кале“.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе