Бранителот на двојната круна означи старт на подготовките (ФОТО)

132

Македонскиот шампион МЗТ Скопје ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона 2024/25, во која главна цел на клубот ќе биде одбрана на двојната круна, но и камбек во јадранската лига. Нови имиња во редовите на „штрковите“ се Американецот Брандон Слај и Србинот роден во БиХ, Милош Копривица. На првиот тренинг во салата „Јане Сандански“ се појавија и староседелците Дамјан и Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ, Марин Петков и Хрватот Марко Баковиќ.

МЗТ Скопје новата сезона ќе ја започне кон крајот на септември, односно на 24 септември кога избраниците на Васко Атанасов пред своите навивачи ќе се соочат со црногорскиот Теодо Тиват во рамки од првото коло од АБА – 2 лигата.  Пред почетокот на сезоната кошаркарите на МЗТ Скопје ќе одиграат неколку пријателски натпревари, а ќе настапат и на силен турнир во Кина во периодот од 27 август до 1 септември.

 

ФОТО – МЗТ Скопје

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе