Репрезентацијата на Македонија со пораз од европскиот шампион Франција го заврши настапот на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка. Одлично првенство зад себе имаше капитенот Филип Кузмановски, кој беше опасен за секој ривал, па така на шест одиграни натпревари постигна 49 погодоци.
,,Јас сум горд на сите кои се бореа од прв до последен. Дадовме сè од себе за Македонија, а кога ќе ги видиме првенствата назад, имавме голема поддршка во Вараждин, посебно на натпреварите од групната фаза, навивачите многу ни помогнаа”, изјави Кузмановски.
Македонија ја освои 15. позиција на Мундијалот, тоа е огромен напредок во споредба со претходното Светско првенство.