Митрашиновиќ со нов трофеј во Словачка

233

Македонската репрезентативка Анџелика Митрашиновиќ заедно со екипата на Плештанске Чајки го освоија Купот на Словачка, откако на неутрален терен, во Кошице, славеа над Ружомберок со резултат 68:56. Македонката беше меѓу најдобрите стрелци во победничкиот тим, постигна 11 поени, имаше седум скока и две асистенции.

Митрашиновиќ во редовите на Плештанске Чајки пристигна во минатата сезона и со словачкиот клуб има договор до ова лето.

За актуелниот шампион на Словачка ова беше трет Куп трофеј во својата историја и втор за оваа сезона.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе