Крива Паланка им се одмазди на вардарки за поразот во Купот

232

Изминатиот викенд беа одиграни натпреварите од 10. коло во прволигашката конкуренција кај дамите, а најголеми внимание привлече дерби натпреварот меѓу Крива Паланка и Вардар.

Овие две екипи последното соочување го имаа во полуфиналето во Купот на Македонија. Крива Паланка токму пред својата публика успеа да им се одмазди на вардарки за поразот во полуфиналето, триумфираше со 83:72 и го задржа максималниот ефект – девет од девет.

На останатите два натпревари фаворитите ја оправдаа својата улога, па така МЗТ Скопје Аеродром славеше над младиот Патриот со 86:44, додека Баскет Кам го победи Пробаскет со 70:59.

Бадел, кој во претходното коло го победи МЗТ Скопје Аеродром, во 10. коло беше слободен.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе