Маџари со нов тренер ќе брка пласман во Првата лига

129

Амбициозниот тим на Маџари во новата сезона ќе има нов предводник на клупата. Клубот од Гази Баба ќе го води познато име, станува збор за Миодраг Тодоровиќ. Кумановецот во својата тренерска кариера има работено како асистент во МЗТ Скопје, односно како помошен селектор во повеќе младински селекции на Македонија. Раководството на Маџари успеа во своите редови да ги донесе Даниел Нацевски, Блажо Митков, Војче Лефковски и Милорад Миновски. Маџари лани се врати во Втората лига и во новата сезона ќе атакува на влез во прволигашкото друштво, а пласман во македонската елита би бил најголемиот успех за култниот скопски кошаркарски клуб.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе