Македонски бисер во Америка – Кечовски со нов блескав настап

415

Македонскиот интернационалец Ангел Кечовски, кој настапува во САД, имаше одлично издание во Џуниор колеџ лигата.

Младинскиот репрезентативец со Окленд Комјунити Колеџ слаавеа над Вејн Комјунити Колеџ со 77-74, а Македонецот одигра клучна улога во победата, постигнувајќи ги последните седум поени.

Поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје, Ангели и ФМП, за само 12 минути на теренот, импресионираше со својот настап и го заврши натпреварот со 14 поени, три украдени топки, два скока и една блокада.

Кечовски минатата година, со тимот на средното училиште Сент Мери, се закити со шампионската титула на државното првенство во Мичиген.

Познато е дека Џуниор колеџ лигата претставува отскочна даска за младите кошаркари на почетокот од нивната универзитетска кариера, а доказ за нејзиниот квалитет е тоа што натпреварите редовно ги следат скаути од врвните универзитети.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе