🎥Струшкиот бисер знае и како бек – Клењоски со проектил во мрежата на битолчани

481

Струга сѐ уште важи за расадник на ракометни таленти, а резултатите во младинските категории се само потврда дека стружани максимално и со голем ентузијазам работат со најмладите. Од градот кој секогаш давал репрезентативци во сите категории, големо внимание привлекува талентираниот Војо Клењоски кој во вториот дел од минатата сезона, на само 13 години, дебитираше во Супер лигата против силниот Алкалоид.

Младиот стружанец во оваа сезона настапува за сениорскиот, кадетскиот и пионерскиот состав на стружани, а на натпреварот во кадетската конкуренција против Еурофарм Пелистер 2 покажа дека може да одигра и како бек.

Природна позиција на 14-годишниот ракометар му е десно крило.

Погледнете…

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT