Побрзајте: Останати уште 500 билети за дуелот меѓу Македонија и Литванија

72

Машката репрезентација на Македонија во последното коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 ќе ја пречека Литванија, која на првото соочување славеше против „црвено-жолтите“. Токму натпреварот против балтичката селекција ќе биде клучен за тоа на која позиција ќе заврши Македонија во првата група.

Словенија, која одамна го обезбеди пласманот на континенталниот собир, е прва со десет бодови, втора е Литванија со шест, Македонија има четири, а Естонија нема освоено бод. Најдобрите две репрезентации од секоја група, како и четирите најдобри третопласирани селекции, ќе обезбедат пласман на Европското првенство следната година. Затоа, на Македонија на неделниот натпревар ќе ѝ биде потребна победа со најмалку два гола разлика за да го освои второто место во групата.

Натпреварот меѓу Македонија и Литванија ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот, а останати се околу 500 билети.

На овој ЛИНК се достапни билетите за неделниот натпревар.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT