Екипата на Македонија Ѓорче Петров со убедливиот триумф од 37:29 против Јехона го задржа максималниот ефект во прволигашкиот плеј-оф. Домашниот тим натпреварот го реши уште во првото полувреме, кое го доби со 20:13, а во продолжението само ја одржа стекнатата предност поголеми проблеми.
Победничкиот тим беше предводен од Мартин Бучуковски со девет погодоци, Марко Станојоски постигна шест, а Стефан Нацев додаде пет. Во редовите на поразениот тим, најефикасен беше Стефан Маринковски со седум погодоци.
Македонија Ѓорче Петров е еден од главните претенденти за освојување на второто место во плеј-офот од Првата лига.
Првопласираниот тим обезбедува директен пласман во елитата, додека второпласираниот ќе игра бараж дуел со последнопласираниот од суперлигашкиот плеј-аут.