МРТ ќе го пренесува европското финале на Алкалоид

214

Екипата на Алкалоид во својата втора сезона на европска сцена ќе се бори за освојување на трофејот во Европскиот куп. Избраниците на Кире Лазаров во финалето ќе се соочат со АЕК Атина.

И покрај тоа што Алкалоид низ целата сезона се соочуваше со бројни повреди, успеа да испише историја на европската сцена и да промовира голем потенцијал – Мартин Ивановски, ракометар кој пристигна во тимот на Лазаров во вториот дел од тековната сезона и веднаш се истакна со одлични настапи.

Добра вест за навивачите на Алкалоид и за сите македонски ракометни љубители е тоа што двата натпревари од финалето ќе се пренесуваат во живо на МРТ.

Првиот дуел меѓу македонскиот и грчкиот претставник ќе се одигра на 18 мај во Атина, со почеток во 18:00 часот, додека реваншот е закажан за 25 мај во СЦ „Борис Трајковски“, со почеток во 20:30 часот.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT