Сребро за Самадреџа под водство на Андоновски

118

Тимот на Самадреџа, каде што тренер е Горан Андоновски, го освои сребрениот медал во косовскиот шампионат. Во финалето се сретна со старо-новиот шампион Истогу, кој ги доби и двата натпревари (27:24, 28:25).

Истогу за титулата мораше добро да се испоти, на вториот натпревар до победа стигна по продолженијата од по пет минути. За екипата на Самадреџа настапува екс вардарката Бојана Радевска, како и поранешната голманка на Чаир, Аниса Сали.

За Андоновски ова е голем успех, бидејќи за првпат во својата кариера предводеше женска екипа. Кога ја презеде Самадреџа, тимот се наоѓаше на петтата позиција на табелата, но со неговото доаѓање резултатите значително се подобрија.

Охриѓанецот пред да се пресели во Самадреџа беше предводник на Раховац, каде што оствари одлични резултати на домашната и европската сцена. Во Македонија со успех ги водеше Охрид и Тиквеш по повеќе наврати.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT