Соколов го напушти Тиквеш, се сели во Гостивар
Некогашниот репрезентативец на Македонија, Дарко Соколов, одлучи да си замине од Кавадарци и својата кариера да ја продолжи во Гостивар. Соколов, кој е еден од најискусните кошаркари во домашниот шампионат, од 2019 година беше член на Тиквеш, а во кавадаречкиот тим пристигна од таборот на МЗТ Скопје. Соколов во Гостивар повторно ќе има можност да соработува со тренерот Љупчо Малинков. Гостивар со ангажирањето на Соколов полека, но сигурно го склопува мозаикот за новата сезона. Освен Соколов, нови имиња во Гостивар се Максим Митевски, Младен Грушановиќ и Ксавиер Роудс.