Вардар е нов јуниорски шампион – Дамјан Данев со МВП признание!

156

Кошаркарите на Вардар се новите државни прваци во М18 лигата во машка конкуренција, откако во финалето на Ф4 тунрирот, кој беше одигран во СРЦ „Кале“, триумфираа над Водно Санс со 98:91.

Во натпревар со многу атракции, пресврти, голема борба…подобро се снајдоа вардарци. За МВП, односно за најкорисен играч на завршиот турнир беше избран Дамјан Данев, кој освен во финалето, блескаше и на полуфиналниот меч против Работнички.

Неговото издание во финалето беше заокружено со дабл-дабл ефект од 11 поени и 15 скока, плус и пет успешни додавања, односно, сето тоа заедно за 32 индексни поени, најмногу во двете екипи финалисти.

ФИНАЛЕН ТУРНИР М18 ЛИГА-МАЖИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Вардар – Работнички 109:74
Водно Санс – Феникс 116:78

ЗА ТРЕТО МЕСТО
Работнички – Феникс 95:88

ФИНАЛЕ
Вардар – Водно Санс 98:91

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT