Ракометната репрезентативка на Македонија, Јована Кипријановска, го прифати животниот предлог на кошаркарот Андреја Атанасов на романтичната Сардинија.
Љубовта меѓу двајцата спортисти доби уште посилен печат токму на овој живописен медитерански остров, со поглед на тиркизното море кај Калиари.
Кипријановска не размислуваше многу, нејзиниот одговор беше едноставно и емотивно: „ДА“. Романтичниот момент беше овековечен со фотографија која парот ја сподели на социјалните мрежи, добивајќи бројни честитки од пријатели, соиграчи, роднини…
Кумановката, по три сезони минати во Франција, од следната сезона ќе настапува во Унгарија, поточно во Сомбатељ, додека Атанасов во штотуку завршената сезона беше дел од второлигашот Охрид.