Велимир Петковиќ меѓу главните кандидати за нов тренер на Еурофарм Пелистер?

154

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има нов предводник, откако досегашниот тренер Раул Алонсо си замина од Битола.

Иако Алонсо имаше важечки договор со пелистерци, сепак, понудата од бундеслигашот Лајпциг не можеше да ја одбие, па двете страни спогодбено го раскинаа договорот.

Според пишувањата на словенечкиот портал „Handballia“, меѓу кандидатите за нов тренер на Еурофарм Пелистер, покрај Раде Стојановиќ, се наоѓа и Велимир Петковиќ.

Екс селекторот на Русија најголемиот дел од тренерската кариера го мина во Бундес лигата, а во март ја напушти клупата на Загреб.

 

Раде Стојановиќ се враќа во македонската лига?

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT