Македонија со 10 клуба во Европа!

185

Македонскиот ракомет ќе има рекордно присуство на европската сцена – 10 екипи ќе нè претставуваат во новата сезона.

Кај мажите, настап во Европа ќе имаат Еурофарм Пелистер, Вардар, Алкалоид, Охрид, Тиквеш и Бутел Скопје, додека кај дамите, европски предизвици ги очекуваат Ѓорче Петров, Металург Автокоманда, Чаир и Куманово.

На Бутел Скопје, екипа која главно се потпира на млад кадар, му беше одобрена вајлд-карта за настап во Европскиот Куп. Овој клуб ќе го започне натпреварувањето од првото коло, додека Охрид и Тиквеш ќе стартуваат од второто коло во истото натпреварување.

Алкалоид, кој минатата сезона го освои трофејот во Европскиот Куп, аплицираше за вајлд-карта за настап во Лигата на Европа, му беше одобрена, но ќе мора најпрво да игра квалификации, па доколку ги мине, тогш избраниците на Кире Лазаров ќе играат во групната фаза, во која директно место има вицепрвакот Вардар.

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер по трет пат по ред ќе биде дел од Лига на шампионите.

Кај дамите, Ѓорче Петров во Европскиот Куп ќе стартува од третото коло, додека Металург Автокоманда, Чаир и Куманово ќе го започнат својот европски пат од второто коло во третото по ранг европско клупско натпреварување.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT