Познати се сите учесници во Третата кошаркарска лига

355

Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) ги објави сите учесници во Третата кошаркарска лига за новата натпреварувачка сезона 2024/25. Вкупно ќе се натпреваруваат 21 екипи кои ќе бидат поделени во три групи по седум екипи. Првото коло од новата сезона кај третолигашите ќе стартува на 26/27 октомври, додека последното коло од регуларниот дел е предвидено за 22/23 март, 2025 година.

Најдобрите две екипи од трите групи и најдобрите две третопласирани екипи од трите групи ги формираат новите четири сада (Г, Д, Ѓ, Е) со четвртфинални  двојки, односно распоредот на натпреварите ќе биде според пласманот од претходната фаза. Првиот натпревар се игра на теренот на подобро пласираната екипа.

Двојка 1: (Г1-Е2), (Е2-Г1), (Г1-Е2);
Двојка 2: (Г2-Е1), (Е1-Г2), (Г2-Е1);
Двојка 3: (Д1-Ѓ2), (Ѓ2-Д1), (Д1-Ѓ2),
Двојка 4: (Д2-Ѓ1), (Ѓ1-Д2), (Д2-Ѓ1).

Победниците од двојките 1 и 4, односно 2 и 3 играат полуфинале.

Плеј оф, полуфинале (1/2) финале:
Се игра во два добиени натпревари од најмногу три можни натпревари, по следниот распоред:
Двојка 1: (1-4), (4-1), (1-4);
Двојка 2: (2-3), (3-2), (2-3).
Победниците од Двојките 1 и 2 се пласираат во Втората лига мажи за сезона 2025/2026 година.
Исто така, победниците од Двојка 1 и Двојка 2 играат за првак во Третата лига мажи за сезона 2024/2025.
Поразените од Двојка 1 и Двојка 2 играат за 3 и 4 место во Третата лига мажи
за сезона 2024/2025 година.

Минатата сезона шампионската титула кај третолигашите ја освои Бутел, второпласиран беше Црн Дрим, третото место им припадна на кошаркарите на Струмица, а на 4. позиција заврши Феникс баскет.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе