Тодоровска и Стојчевска го водеа Пелистер до победа во Куманово

404

Младинскиот тим на Пелистер славеше на гостувањето во Куманово кај истоимената екипа со 30:26 во натпревар од 5. коло од младинската женска лига и се израдува на втора сезонска победа.

Пред неколку дена, сениорските екипи на овие два клуба, исто така во Куманово, имаа меѓусебен дуел, а бодовите останаа за домаќинките.

Битолчанки на полувреме имаа минимална предност од 14:13, а победата ја обезбедија со подобрата игра во вториот дел, во кој домашниот тим ниту еднаш не дојде до израмнување.

Одлична партија во битолскиот тим имаа Анастасија Тодоровска со 12 и Ана Стојчевска со десет погодоци, додека кај домаќинот отскокна Ангела Шехтанска со десет реализации.

Женска младинска лига, 5. коло, резултати:
Ѓорче Петров 2 – Гевгелија Југ 32:16 (16:9)
Куманово – Пелистер 26:30 (13:14)
Атлетик – слоб.

ТАБЕЛА

 

Деветка за Димоска, Ѓорче Петров 2 останува на максимум во младинската лига

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT