Петрески, Џигероски, Поповски, Ѓокески…погодуваа, Мулти Есенс лесно до победа во Гостивар

61

Со натпреварот меѓу Јехона и Мулти Есенс започна 9. коло во прволигашката конкуренција.

Мулти Есенс, еден од тимовите за висок пласман, немаше проблеми во Гостивар, триумфираше со 44:24 (23:12) и стигна до седма победа сезонава.

Во победничкиот табор најефикасен беше Јован Петрески со седум погодоци, додека по шест постигнаа Немања Џигероски, Бобан Поповски и Дарјан Ѓокески, а пет додаде Марко Ковачевиќ.

Кај Јехона, Адис Салиу и Стефан Маринкоски беа најефикасни со по шест погодоци.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT