Екипата на Деспина се израдува на четвртата сезонска победа, откако пред својата публика го декласираше Шампион со 38:7 (20:4) во натпревар од 8. коло од прволигашката конкуренција.
Скопскиот тим, кој настапува со многу млади ракометарки, цели 60 минути мака мачеше да го пронајде патот до мрежата на прилепчанки.
Анастасија Јовановска беше прв стрелец во победничкиот состав со 11 погодоци, а шест додаде повратничката Весна Христоска.