Еурофарм Пелистер го ослободи Нејц Цехте

135

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер информираше дека словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте си заминува од битолскиот клуб.

Искусниот Цехте, кој иако имаше актуелен договор со Еурофарм Пелистер, кариерата ќе ја продолжи во Фуксе Берлин и таму ќе биде замена за повредениот Фабијан Вајде, кој поради скинати лигаменти ќе отсуствува подолг временски период.

Цехте во Еурофарм Пелистер пристигна во 2023 година и успеа да освои две национални титули, како и една Супер Куп титула со битолчани.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT