Пелистерци со нов пораз во Лигата на шампионите, загубија во Букурешт

225

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер на гостувањето во Романија кај Динамо Букурешт беше поразен со 34:25 во натпревар од 3. коло од Лигата на шампионите. За романскиот претставник во елитата ова беше трет триумф, ги совлада Фредериција и Висла Плоцк во претходните два натпревари, додека пелистерци го доживеаја третиот пораз. Избраниците на Давид Дејвис до посакуваните два бода дојдоа со одличната игра во периодот од 20 минута, па до крајот на натпреварот. На полувреме имаа резултатска предност од 19:13 и според планираното ги одиграа вторите 30 минути. Светла точка во таборот на Еурофарм Пелистер беше голманот Никола Митревски, кој натпреварот го заврши со 14 интервенции. Нападот беше предводен од капитенот Филип Кузмановски, погоди девет пати во мрежата на домаќините.

Пелистерци в сабота  ќе гостуваат кај Вардар во 4. коло од суперлигашката конкуренција, па така нема да имаат многу време за одмор.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе