Тиквеш останува без еден од најискусните играчи

944

Тимот на Тиквеш, кој има големи шанси повторно да игра во суперлигашкиот плеј-оф, останува без еден од најискусните играчи.

Станува збор за 31-годишниот лев бек Мартин Манасков, кој во кавадаречкиот тим настапуваше од сезона 2023/24, а претходно беше дел од Бутел, Пролет, Охрид, Вардар Јуниор, Металург…

Освен Манасков, од клубот си заминуваат и Петар Цветковски и Џулијано Христоски, како и двајцата странци Мохамед Ахмед и Гиорги Гришикашвили.

Пред крајот на минатата година, од клубот си замина и Јан Тајник, а во наредниот период треба да се знае со каков ростер ќе располага Кристијан Грчевски.

Тиквеш во последните четири кола од регуларниот дел игра против Радовиш, Прилеп, Куманово и Бутел.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT