МВП од кадетскиот Ф4 (2023) засили екипа кандидат за плеј-оф

182

Вчера неколку суперлигаши ги стартуваа подготовките за вториот дел од тековната сезона, а еден од нив беше и Бутел Скопје, кој направи неколку промени во ростерот.

Во составот предводен од Горан Кузманоски пристигнаа двајца нови ракометари. Станува збор за талентираниот Христијан Гурмешевиќ од Мулти Есенс и Матеј Марковски од Аеродром.

Гурмешевиќ, кој е младински репрезентативец на Македонија, веќе три сезони го привлекува вниманието со своите добри настапи, а во 2023 година беше прогласен за МВП на кадетскиот Ф4 турнир, на кој со Мулти Есенс го освоија златниот медал по голема борба против Струга.

Бутел и во оваа сезона има големи шанси да обезбеди пласман во плеј-офот, а во последните четири кола од регуларниот дел за ривали ќе ги има екипите на Струга, Вардар, Охрид и Тиквеш.

Избраниците на Кузманоски во есенскиот дел од сезоната освоија 18 бода.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT