Зимски маки: Играчите на Тиквеш тренираат во друг град?

909

Зимскиот период традиционално е еден од најтешките за спортските екипи во Македонија, пред сè поради лошите услови во спортските сали. Неретко може да се забележи како играчите од кошаркарските и ракометните клубови тренираат со капи и шалови, обидувајќи се да се заштитат од студот.

Во поголемиот дел од спортските сали нема функционално греење, а порталот СпортСпорт дознава дека салата „Јасмин“, во која тренира и кошаркарскиот тим на Тиквеш, во моментов е неупотреблива? Поради отсуството на греење, дел од тренинзите кошаркарите се принудени да ги одржуваат во Гевгелија, што претставува дополнителен логистички и финансиски товар за клубот.

Со сериозни инфраструктурни предизвици се соочуваат и ТФТ, како и новајлијата во најквалитетното кошаркарско натпреварување – Маџари. Овие две екипи своите домашни натпревари ги играа во СРЦ „Кале“, но салата неодамна беше затворена од страна на КФМ бидејќи е небезбедна за играње, па така двете екипи треба да си бараат нов дом.

Во култната СРЦ „Кале“ играше и најтрофејниот кошаркарски клуб Работнички, кој се враќа во реновираниот „Градски Парк“. Затворањето на „Кале“ претставува дополнителен проблем и за неколку младински кошаркарски, но и прволигашки екипи, кои своите натпревари го играа токму таму.

Ваквата состојба уште еднаш ја отвора темата за алармантната состојба на спортската инфраструктура во земјава, особено во зимските месеци, кога условите директно влијаат врз здравјето на спортистите и квалитетот на тренажниот процес.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT