Прилеп ќе има претставник на Европското првенство

101

Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва против велесилата Данска ќе го стартува своето деветто учество на континенталните собири, осмо во низа.

Ждрепката посака Македонија да биде сместена во тешка група, па за ривали, освен домаќинот Данска, ги доби и селекциите на Португалија и незгодната Романија. Само двете најдобропласирани репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза.

Најмногу репрезентативци во составот на Македонија доаѓаат од Алкалоид, а Прилеп ќе има свој претставник во името на Наум Танески.

Стружанецот, кој од оваа сезона е на клупата на суперлигашот РК Прилеп, е дел од стручниот штаб на „црвено-жолтите“, односно асистент на селекторот Кирил Лазаров.

Иако неговата работа не е премногу експонирана во јавноста, Танески е препознатлив по работата со млади играчи, а моментално е и селектор на младинската репрезентација на Македонија.

Распоред на натпревари на македонската репрезентација на ЕП:

16 јануари, 20:30, Данска – Македонија
18 јануари, 18:00, Македонија – Португалија
20 јануари, 18:00, Македонија – Романија

Европското првенство 2026, освен во Данска, се игра и во Норвешка и Шведска

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT