Вардар и Алкалоид на 12-та дерби пресметка – кој ќе слави?

315

Денеска во Автокоманда ќе се одигра последниот дерби дуел во регуларниот дел од Супер лигата.

Во последното, 22. коло, пред стартот на плеј-офот и разигрувањето за титулата, ќе се судрат градските ривали Вардар и Алкалоид, кои ќе ја одиграат својата 12 суперлигашка пресметка.

Алкалоид своето прво соочување со вардарци го имаше во дебитанската сезона. Во 2022/23, двете екипи се сретнаа четири пати – двапати во регуларниот дел, а потоа и во плеј-офот.

Низ досегашните пресметки во Супер лигата, подобар биланс има Вардар, кој во дуелите против избраниците на Кирил Лазаров има триумфирано седум пати.

Алкалоид против вардарци славел на три натпревари, а една средба завршила без победник.

Денешниот натпревар во Автокоманда стартува од 19:30 часот.

СЕЗОНА 2022/23
Група А
24.09.2022: Вардар – Алкалоид 28:25
19.11.2022: Алкалоид – Вардар 22:30

ПЛЕЈ-ОФ
01.04.2023: Алкалоид – Вардар 22:21
27.05.2023: Вардар – Алкалоид 21:25

СЕЗОНА 2023/24
(Различни групи – дуели само во плеј-оф)
ПЛЕЈ-ОФ
10.03.2024: Алкалоид – Вардар 23:27
02.05.2024: Вардар – Алкалоид 24:21

СЕЗОНА 2024/25
Регуларен дел
08.09.2024: Алкалоид – Вардар 33:30
24.11.2024: Вардар – Алкалоид 29:27
ПЛЕЈ-ОФ
02.04.2025: Вардар – Алкалоид 34:26
03.05.2025: Алкалоид – Вардар 26:26

СЕЗОНА 2025/26
Регуларен дел
09.11.2025: Вардар – Алкалоид 34:28

ЛИНК ЗА ДЕНЕШНИОТ НАТПРЕВАР

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT