Екипата на Рајн Некар остана без бодовите од дуелот со Лемго, иако на теренот извојува победа. Наместо славје, „лавовите“ добија службена санкција, па мечот е регистриран со службен резултат во корист на Лемго (2:0).
Казната е поради прекршување на антидопинг правилникот на натпреварот од 22. коло. Иако „лавовите“ на 20 февруари славеа на теренот со резултат 31:29, Бунес лигата утврди дека за еден млад ракометар не било потпишано задолжителното антидопинг-арбитражно согласување.
Според новите правила, кои стапија на сила од 1 јануари 2026 година, секој играч мора да има потпишано ваква декларација за да може да настапува во најквалитетната лига на светот.
Клубот од Манхајм веќе поднесе жалба, но додека трае постапката, табелата е коригирана, па Рајн Некар падна на осмото место, додека Лемго се доближи до третопласираниот Фленсбург.