Шампионот денеска гостува во Автокоманда

500

Денеска на ракометната програма е дерби дуелот од 8. коло во суперлигашката конкуренција меѓу Алкалоид и актуелниот првак Еурофарм Пелистер. Овие две екипи требаше да се сретнат на 19/20 октомври, но поради европските настапи во ЛШ, односно во Европскиот Куп, натпреварот мораше да биде презакажан. Тимот на Кире Лазаров во досегашниот тек од сезоната нема пораз во домашниот шампионат, има седум од седум, додека битолчани остварија шест победи и загубија во дуелот со Вардар.

Пред стартот на Супер лигата, момците на Кире Лазаров за трофејот во Супер Купот, кој беше одигран во Гевгелија, го совладаа Еурофарм Пелистер со 33:30.

Правдата на овој дуел ќе ја дели најдобрата судиска двојка на Македонија – Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, а делегат ќе биде Ацо Николовски/Марјан Начевски. Денешниот натпревар во спортската сала „Автокоманда“ ќе стартува со почеток од 19:00 часот.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе