Кој ќе биде најдобар стрелец кај прволигашите?

364

На пет кола пред крајот на сезоната во Првата лига, искусниот Адис Салиу останува предводник на листата на стрелците. Членот на Јехона  на 18 натпревари има постигнато 183 погодоци, додека на втората позиција е Давид Јовчески од скопски Шампион со 160 погодоци на 16 натпревари.

Зад Салиу и Јовчески се наоѓа Илија Пејковски од Партизан Гевгелија со 159 погодоци на 18 натпревари, а во ТОП 5 се и Даниел Андоновски од Младост Богданци и Христијан Ристевски од Преспа.

Андоновски, кој зад себе има и интернационално искуство, на 18 натпревари постигна 143 погодоци, додека младиот Ристевски, кој освен што е меѓу најдобрите стрелци, е и меѓу најдобрите играчи во прволигашката конкуренција, на 16 натпревари постигна 142 погодоци.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT