„Центарци“ со нов пораз во АБА 2 лигата

271

Кошаркарите на Работнички го доживеаја третиот пораз во АБА 2 лигата, откако пред својата публика беа поразени од Босна, загубија со 99:74 во натпревар од третото коло од групата Б. Претходно, тимот на Работнички во второто и првото коло загуби од Војводина и Сутјеска. Победникот на денешниот натпревар беше познат уште по првото полувреме, кое го добија гостите со 54:32.

Поранешниот европски првак во првата четвртина имаше предност од 25:16, додека втората ја доби со 29:16. Домашниот тим не можеше да направи чудо, гостите третата четвртина ја добија со 27:19, додека она последната им припадна на домаќините, 23:18.

Имран Полутак од Работнички беше најефикасен играч на средбата со 27 поени, додека кај гостите се истакна Петар Ковачевиќ со 19.

По денешниот пораз, тимот на Работнички се враќа на обврските на домашна сцена. Овој викенд ќе го одигра четвртиот натпревар во домашниот шампионат, а ривал на избраниците на Горан Самарџиев ќе биде незгодниот Чаир.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе