Ѓорче Петров го одбрани Куп трофејот, Спартак испрати силна порака

61

Во женското финале од Купот на Македонија се судрија Ѓорче Петров и Спартак, а „лавиците“ не дозволија изненадување и го одбранија трофејот, триумфирајќи со 33:30.

Клубот од Кисела Вода со самиот пласман на Ф4 турнирот испиша историја, а обезбедениот пласман во финалето, откако го елиминираше вицепрвакот Чаир, претставуваше уште поголем успех.

Ракометарките на Спартак пружија голем отпор во финалето, посебно во завршниот дел, а преку овие два натпревари клубот испрати јасна порака дека располага со сериозен потенцијал – млади таленти и искусни ракометарки.

Тука пред сè се мисли на младите Зорица Андовска, моментално втор стрелец во Супер лигата со 140 погодоци, како и Надица Максимовака, која беше еден од клучните фактори во подвигот против Чаир со двата погодоци во клучните моменти.

Од друга страна, тимот на Ѓорче Петров потврди дека во моментов нема вистинска конкуренција и е на добар пат повторно да стигне до „двојна круна“. За актуелниот шампион ова беше 19-ти Куп трофеј, додека Спартак со пласманот во историското финале стекна драгоцено искуство за во иднина.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT