Македонија, односно градот Скопје, е домаќин на Светското училишно првенство во ракомет. Над 700 ракометар/ки од 20 земји, поголемиот дел училишни селекции, се натпреваруваат и стекнуваат драгоцено искуство.
Вчера, на дерби дуелот од Супер лигата меѓу Вардар и Алкалоид, меѓу присутните во спортската сала „Јане Сандански“ беше и училишната селекција на Република Српска.
По завршувањето на натпреварот, младите ракометари од Српска ја искористија приликата да се фотографираат со двократниот европски шампион, како и со српските интернационалци од двата табора.
Момент кој сигурно ќе ги инспирира уште повеќе…
