Довчерашен член на Тиквеш вечерва ќе се бори за злато во Австрија

3

Довчерашниот член на Тиквеш, Мартин Манасков, кој пред два месеци го напушти Кавадарци и замина во странство, поточно во Австрија, ќе има шанса да постигне голем успех во својот прв интернационален предизвик.

Манасков и тимот на Апла Хард обезбедија пласман во финалето од Купот на Австрија, откако во полуфиналето го совладаа Тирол со пет гола разлика, 32:27

Во денешното финале, кое е закажано за 20:15 часот, Апла Хард ќе се соочи со тимот на Кремс, кој во полуфиналето го елиминираше Холабрун, tим предводен од екс репрезентативецот на Македонија, Влатко Митков, а во кој настапуваат Филип Арсеновски и Хари Павлов (повреден).

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT