ЖРК Вардар се враќа на европската мапа

98

Некогашниот шампион на Македонија, ЖРК Вардар, по пауза од четири сезони повторно ќе биде дел од европската ракометна сцена.

Иако во изминатите сезони „црвено-црните“ обезбедуваа пласман во европските натпреварувања, клубот не се одлучуваше за учество надвор од домашното првенство.

Избраничките на Даниела Новеска во новата сезона ќе настапуваат и во Европскиот Куп, третото по ранг европско клупско натпреварување.

Настапот на меѓународна сцена ќе биде дополнителен мотив за младата екипа на Вардар да продолжи со својот развој и да стекне драгоцено искуство во дуелите со европски ривали.

Вардар последен пат играше во Европа во сезона 2021/22, а клубот зад себе има богата европска историја.

Во периодот кога располагаше со еден од најсилните состави во Европа, тимот на Вардар пет пати по ред настапи на завршниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите и двапати играше во големото финале.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT