Македонската репрезентативка Марија Јанкуловска во следната сезона ќе настапува на интернационална сцена, односно во Франција, откако се договори на соработка од две сезони со некогашниот француски гигант Париз.
Битолчанката, која може да одигра како лев и среден бек, во изминатите пет сезони беше меѓу најдобрите стрелци во Женската лига. Иако има само 20 години, зад себе има три шампионски титули со Ѓорче Петров, како и три Куп трофеи со скопскиот тим.
Во 2024 година беше избрана за МВП на завршниот турнир од Купот на Македонија. Јанкуловска потекнува од школата на Пелистер, а во својата кариера настапуваше и за Металург Автокоманда.
Нејзината сестра Ангела, исто така репрезентативка, во летото, 2024 година, од Ѓорче Петров се пресели во Чешка.
Париз во сезона 2014/15 го освои трофејот во ЕХФ Купот, додека во штотуку изминатата сезона успеа да избори опстанок во најквалитетното француско натпреварување.