Пелистерци на гости во Охрид во првото коло, братски дуел во Автокоманда, Младост кај Бутел…

158

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) беа извлечени натпреварувачките броеви за екипите од Супер машката лига за следната сезона, во која се очекува конкуренцијата да биде уште поголема и понеизвесна од штотуку завршената.

Ждрепката посака во првото коло да се сретнат Охрид и Еурофарм Пелистер, додека шампионот Вардар за прв ривал ќе го има вториот тим на битолчани – Еурофарм Пелистер 2. Интересно е што повратникот во Супер лигата, Младост, сезоната во суперлигашкото друштво ќе ја започне на гостински терен кај Бутел, место од каде што и обезбеди камбек во елитата, откако ја елиминираше Струга во баражот.

Амбициозниот Прилеп, кој досега се засили со Благојче Трајкоски (Бутел), Петар Марковски (Еурофарм Пелистер 2), Андреј Стојановски (Пролет)… ќе стартува пред својата публика против Куманово.

Уште еден повратник во Супер лигата, тимот на Мулти Есенс, го очекува братски дуел со Алкалоид, додека Тиквеш во првото коло ќе гостува во Скопје кај Пролет.

Според распоредот, новата сезона од Супер лигата треба да започне во првиот викенд од месец септември, односно на 5/6.

1. коло:
Охрид – Еурофарм Пелистер
Вардар – Еурофарм Пелистер 2
Бутел – Младост
Прилеп – Куманово
Алкалоид – Мулти Есенс
Пролет – Тиквеш

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT